Неколку улици во Гази Баба утре ќе останат без вода

пред 4 години

ЈП Водовод и Канализација известува дека на ден 18.01.2022 година (вторник) ќе се реализираат активности за промена на затварач ф-100мм на ул.Лазар Поптрајков раскрсница со ул.Христо Ботев поради што прекинато ќе биде водоснабдувањето на горенаведените улици.

Без вода ќе останат и корисниците од ул.Ташко Караџа.

Активностите ќе започнат од 09:00 часот.

Share
Scroll to Top