Нелегални електронски трки на кучиња во обложувалница во Дебар

пред 4 години

При полициска контрола во спортска обложувалница на дебарската улица „8 Септември“, во попладневните часови на 29 јануари било констатирано дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии и без регистрирана фирма за вршење таква дејност.

Како што информираат од МВР, притоа повикан бил и инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена била Управата за јавни приходи.

По целосно документирање на случајот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top