„СДСМ го шити и унапредува македонскиот јазик. Во македонското Собрание пратениците го усвоија Законот за употреба на македонски јазик. Се прошируваат областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот јазик и неговото кририлско писмо“, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николова.
– Законот предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата. Го зајакнуваме инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик. Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. Создаваме можности за доделување стипендии на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик, додаде таа.
Како што рече Николова, „грижата и негувањето на македонскиот јазик е одлика на СДСМ. Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија. После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик“.
Таа истакна дека со буџетски средства ја поддржале дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови, како и проектот за дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“, а дигитализиран е и Правописот на македонски јазик.
Текстот Николова: СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик, изгласан новиот закон за негова употреба е превземен од МАКФАКС.