Николовски со генералниот директор на СЕЛЕК: борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

Николовски со генералниот директор на СЕЛЕК: борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

пред 8 часа

Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Ова беше заклучокот од средбата на директорот Бобан Николовски и помошник-директорот Влатко Лакордов со генералниот директор на СЕЛЕК, Огуз Серкант Акин, и директорот за правни и внатрешни работи при СЕЛЕК, Јован Пешевски.

На состанокот двете страни разговараа за можностите за подобрување на регионалната прекугранична соработка. Директорот Николовски истакна дека еден од приоритетите на македонската царина е откривање на царински измами и спречување на обиди за сериозен криминал, при што од големо значење е зголемување на соработката со царинските органи од Југоисточна Европа преку оперативно споделување на податоци. Притоа, тој ја истакна важноста на одличната соработка со СЕЛЕК како клучна во брзото споделување на информации со царинските органи од регионот и зајакнување на безбедноста.

Од друга страна, генералниот директор на СЕЛЕК, д-р Огуз Серкант Акин, ја истакна важноста од зголемен придонес на Македонија како членка на СЕЛЕК, посочувајќи дека Царинската управа е важен дел од синџирот на безбедноста во Југоисточна Европа и се заблагодари за активното учество во текот на годините.

Текстот Николовски со генералниот директор на СЕЛЕК: борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top