Нови 64 пациенти за 24 часа хоспитализирани во Ковид центрите во Скопје

пред 5 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје биле хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти а 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Според МЗ, во изминатите 24 часа дома биле пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти, известуваат од таму.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Надлежните додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови бил стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, информираат од здравство.

Share
Scroll to Top