Османи на средба со јапонскиот престолонаследник Акишино

пред 2 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од ресорното министерство, Османи изразил задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка.

Тој го поздравил делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинешното доделување на наградата „Златен венец” на јапонскиот поет, Шунтаро Таникава, во рамки на Струшките вечери на поезијата.

Потоа, Османи остварил средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе и други членови на групата.

На средбата станало збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо-Пацификот.

Share
Scroll to Top