Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

пред 3 години

Прилепското обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

46-годишникот е обвинет за обљуба со злоупотреба на положбата.

„Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“, соопшти Обвинителството.

Заедно со обвинението до Судот е доставен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Монструозниот случај беше обелоденет во јануари годинава. Малолетничките пријавиле во полиција дека нивниот тренер сексуално ги злоставувал по што беше отворена истрага.

Share
Scroll to Top