Облачно и ветровито со температура до 14 степени

пред 4 години

Времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе бидат без промена.

Share
Scroll to Top