Османи денес домаќин на Шаленберг, Логар и Кулханек

пред 4 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија – Александер Шаленберг, Словенија – Анже Логар и на Чешка – Јакуб Кулханек.

Османи ќе информира за тековните теми со ЕУ предзнак: европското досие на земјава, реформските процеси, добрососедските односи, а една од централните теми ќе бидат и можностите за напредок во европските интеграции на претстојните летни Совети на ЕУ.

Министрите за надворешни работи се во посета на земјава, во својство на претставници на неформалната групата земји членки на ЕУ „Ц5“, во која покрај Австрија, Словенија и Чешка, членуваат и Словачка и Унгарија, чии претставници веќе беа во посета на земјава.

Share
Scroll to Top