Османи и тендер коалицијата ДУИ – СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила праваат секоја година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, власта преку МНР потпиша договор за рентање на 175 возила за два дена тежок 900.000 евра.
„Доволно е да се направи наједноставно интернет пребарување и ќе се дојде до заклучок дека дури и возило од марката Мерцедес С класа се рента по цена од 450 евра за еден ден, што кога ќе се помножи за два дена и за 175 возила ќе се добие цена не повисока од 160.000 евра.
Од километри се гледа дека власта 6 пати ќе го преплати рентањето на возила.
Уште повеќе запрепастува фактот што владата секоја година објавува милионски тендери за набавка на возила за министерствата или разните државни органи“, реагираат од опозициската партија.
Текстот Османи и тендер коалицијата ДУИ – СДС ќе рентаат возила 6 пати поскапо, а тендери за купување возила праваат секоја година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.