Османи на средби во Бундестагот – неопходни се одлучни чекори од ЕУ за евроинтегративните процеси на Западен Балкан

пред 2 години

Во рамки на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања.

Во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава и неопходноста од одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на евроинтегративните процеси на државите од Западен Балкан, со оглед на новите геополитички ризици кои го демнат и регионот.

„ Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата геостратешка насока и следствено ќе ја зацврсти заедничката европска безбедносна архитектура“, порача министерот Османи.

Од соговорниците е добиена потврда за конзистентното германско ангажирање и поддржување на европскиот пат на Северна Македонија со цел задржување на кредибилитетот на Европската унија во регионот.

Share
Scroll to Top