Османи утре во Братислава ја отвара новата Амбасада на Република Северна Македонија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава, со што ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во оваа пријателска држава.

Амбасадата според најавите од кабинетот на Османи, официјално ќе биде отворена во 14:00 часот, во присуство на министерот Бујар Османи и неговиот словачки колега, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.

За време на свечениот настан, двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи да разменат мислења и за европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите, со одржување на првата меѓвладина конференција.

Share
Scroll to Top