Пендаровски: Посетата на Донфрид е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Карен Донфрид, помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од претседателскиот Кабинет, во фокусот на разговорите биле билатералните односи, актуелните случувања во земјата и текот на реформските процеси, како и надворешно – политичките приоритети на Северна Македонија, низ призмата на актуелните случувања во регионот и Европа.

„Претседателот Пендаровски посочи дека посетата на Донфрид на Западен Балкан, е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност и за важноста од понатамошна консолидација на демократските процеси во регионот.

Исто така, претседателот истакна дека Северна Македонија е подготвена да придонесе за понатамошен развој на билатералните односи и зајакнување на стратешкото партнерство со САД. Остануваме цврсто посветени на спроведување на реформите за борба против организираниот криминал и корупцијата, и во таа насока особено ја цениме американската поддршка, додаде претседателот Пендаровски. Tој го поздрави билатералниот стратешки дијалог со САД како позитивен импулс во меѓусебните односи за унапредување на соработката во областа на одбраната, безбедноста, владеењето на правото, економијата, енергетиката и климатските промени.

На средбата соговорниците дискутираа и за политичката динамика и економската ситуација во Европа, предизвикана од руската инвазија врз Украина, при што претседателот Пендаровски ги потенцираше преземените мерки од страна на Северна Македонија како земја-членка на НАТО и го реафирмираше ставот за целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Осврнувајќи се на безбедносните случувања и последиците врз Балканот, претседателот алармираше на важноста за деблокада на македонските евроинтеграции и изнаоѓање на конструктивно решение за недоразбирањата со Бугарија.

Со оглед на актуелните случувања во Украина и на европскиот континент, претседателот додаде дека неопходно е преговорите за членство во ЕУ да започнат што побрзо, поради ризикот од поткопување на поддршката за европската интеграција и забавување на темпото на реформските процеси како владеење на правото, реформи во судството и борба против корупцијата“, се наведува во соопштението за средбата.

Share
Scroll to Top