Пендаровски со поддршка за ЛГБТ заедницата: „Почит кон различностите“

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, денеска беа дел од втората по ред Парада на гордоста во Скопје, која се одржа под слоганот „Вон ѕидовите!“.

„Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор“, порача претседателот во објава на социјалните мрежи, во чиј прилог постави и галерија со фотографии од денешниот настан за поддршка на ЛГБТ заедницата.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, соопштија претходно организаторите на втората Парада на гордоста.

Share
Scroll to Top