Петрушевски: Струјата со СДС се зголеми затоа што фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Петрушевски: Струјата со СДС се зголеми затоа што фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

пред 15 часа

Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат и лично до него. Истражувањето на истражувачките новинари, кои го објавија овој скандал всушност покажува зошто ЕСМ е доведена во состојба на милионски долгови, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Заев и Филипче се директно виновни што немало инвестиции во енергетиката, а немало за да има повеќе пари за во нивните џебови. За да може да профитираат Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, биле направени мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ. Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра“, рече тој.

Петрушевски обвини дека Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, а Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси низ разни луксузи кои што му ги приуштувале.

„Овој скандал и афера од размери од неколку стотици милиони евра мора да има разрешница и одговорност. Очекуваме ЈО да отвори истрага, а Венко Филипче да излезе и да каже со кое лице излегува повторно во политиката и бара гласови од народот кој тој и Заев го краделе со стотици милиони евра“, рече Петрушевски.

Текстот Петрушевски: Струјата со СДС се зголеми затоа што фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top