Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции

Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции

пред 23 часа

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека градот ќе продолжи да се развива со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела, притоа ги наведе и проектите кои што следат во иднина како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите охриѓани.

„Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги“, вели Пецаков.

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.

„Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Продолжува поддршката на нашите фестивали: Охрид Ватер Фестивал, Вино Фест, Џез Фестивал, Коктел Фест“, рече Пецаков.

На крај од своето обраќање Пецаков ги повика граѓаните масовно да излезат на 19 октомври и референдумски да дадат поддршка за бројот 9, за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на општина Охрид.

Текстот Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top