По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

пред 3 години

По првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија.

Во првиот круг кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победиле во 22 општини, на СДСМ во девет, на ДУИ во три.

Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

Првиот круг од локалните избори во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше ќе се повтори, затоа што не излегле потребните 33 отсто од регистрираните избирачи.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.

Share
Scroll to Top