Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата вратени назад

пред 3 години

Петте хеликоптери, два македонски и три српски хеликоптери, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево се враќаат назад.

Ова на социјачните мрежи го објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој образложи дека ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои се загрозува животот на екипажот.

„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура“, објави Ангелов на „Твитер“.

Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

„Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!“, напиша Ангелов.

Share
Scroll to Top