Покрај сите опструкции на Христијан Мицкоски пописот е успешен, велат од СДСМ

пред 3 години

Покрај сите можни опструкции имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ, реагира владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија вечерва преку соопштение.

Од партијата коментираат дека пропаднале сите обиди за бојкот и за рушење на оваа важна статистичка операција.

„Христијан Мицкоски беше тој што најавуваше бојкот при самото објавување на датумот за спроведење на пописот. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа да се одложи пописот и почнаа со собирање потписи против пописот. Христијан Мицкоски прв се потпиша. Лично Мицкоски пишуваше писма до амбасадорите против пописот. Покрај сето ова пописот успеа, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздрави Европската комисија и сите релевантни чинители. Ова се фактите, ова е вистината“, наведе СДСМ.

Share
Scroll to Top