Полицијата најде украдено „бмв“, сопственикот го оставил отклучено кај Лептокарија

пред 3 години

Скопјанец пријавил дека му е украдено возилото „бмв“, кое го оставил отклучено и во погон, на ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија.

„ Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во с.Лака и ќе биде вратено на сопственикот“ соопшти МВР.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top