Почнува Скопје Фото Недела со најдобрите светски и домашни експерти и награден фонд од 100.000 денари

пред 4 години

Престижниот настан „Skopje Photo Week” (Скопје Фото Недела), година ќе се одржи од 23-24 ноември.

„Skopje Photo Week” е петти настан по ред во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска) кој се одржува традиционално секоја година.

Изминатите настани беа одржани под името (ISPV) International Summit of Photographers & Videographers, а овој пат со ново име и концепт Skopje Photo Week (SPW2020).

Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност.

„Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современата технологија (Online) а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници“, истакниваат организаторите.

Меѓународниот настан ќе може да се следи во живо, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на следниот линк.

Skopje Photo Week објавува и Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, а фотки без мета дата нема да влезат во изборот).

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат тука.

Share
Scroll to Top