Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите на кои беа опожарени два автомобила и една деловна просторија.
Од Обвинителството велат дека се преземени се сите дејства и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.
Прибрани се траги од самото местом, кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор.
Како што извести Обвинителството, еден од автомобилите е на јавен обвинител.
Текстот Прибрани се траги за вештачење и се врши увид во снимките од надзорните камери, велат од Обвинителството по опожарувањето автомобили и објект во Куманово е превземен од МАКФАКС.




