Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(25) од Куманово.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој се сомничи дека на 31.03.2022 во станбен објект на улица „Лесковачка“ во Куманово и на 05.04.2022 година во деловен објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово извршил кражби, при што одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.