Приведен криминалец баран за казна затвор од седум години

пред 3 години

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка вчера во Гевгелија го привеле 41-годишниот З.Ј. од с.Миравци, гевгелиско, кој се барал со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Share
Scroll to Top