Синоќа околу 16.30 часот на ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 39-годишниот тетовец А.О..
Тој бил баран со централна потерница од Основниот суд Скопје за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.