Приведени криумчари на мигранти од Студеничани, се обиделе да ѝ побегнат на полицијата

пред 3 години

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривични пријави против А.Р. (23) и А.Б. (28), двајцата од скопското село Студеничани, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Пријавените, на 16 февруари во 20.50 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, движејќи се со автомобил „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници.

Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство.

Во возилото биле пронајдени деветмина мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.

Share
Scroll to Top