Приведени се тројца гостиварци под сомнение дека пред неколку дена ограбиле викендица во Маврово.
„ Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен. Најголемиот број од предметите што ги украле, биле пронајдени и ќе му бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.