Прилепчанец загина по пад во рудник

пред 4 години

Во СВР-Битола на 13 март бил пријавен трагичен инцидент кој се случил околу 9 часот наутро на местото викано Чашка, во атарот на селото Плетвар.

Според пријавеното, 66-годишниот прилепчанец Д.С. паднал во рудникот Чашка при што се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен до општата болница во Прилеп, каде починал.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица во Прилеп.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top