Пријава против 19-годишник од Скопје поради обид за убиство

пред 4 години

СВР Скопје-Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Х.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 16.04.2020 во атарот на село Петровец, пријавениот, по претходна вербална расправија поради фамилијарни проблеми и нетрпение, со тврд предмет го нападнал Е.Л.(39) од Скопје, по што со пиштол испукал неколку куршуми кон него,соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top