Пролетен ден во зима, денес сонце и температури до 15 степени

Пролетен ден во зима, денес сонце и температури до 15 степени

пред 5 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Текстот Пролетен ден во зима, денес сонце и температури до 15 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top