Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд

пред 2 години

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top