Раководител во општинскиот инспекторат во Битола обвинет за бесправна градба

Раководител во општинскиот инспекторат во Битола обвинет за бесправна градба

пред 1 ден

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Бесправно градење.

„Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано „Трновски ливади“, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 м2“, соопшти обвинителството.

Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и без одобрение за градење.

Текстот Раководител во општинскиот инспекторат во Битола обвинет за бесправна градба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top