Четириесет и шестгодишен ресенчанец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено бомби.
Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и лажно пријавување на кривично дело, а Судот му определи притвор од 30 дена.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од селото Горно Крушје, ресенско. Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид“, соопшти МВР.