Сведоштво на Медина од Куманово која ја преживеа автобуската несреќа

пред 3 години

Младиот пар – верениците Лулзим Сулејмани од Србија и Медина Љутфи од Куманово, кои ја преживеаја несреќата со автобусот што изгоре на автопатот Струма, пред камерите на бугарската телевија БНТ зборуваа за траорот што го доживеале и начинот на кој успеале да се спасат.

Дваесет и шестгодишниот маж е тој што нашол излез од ситуацијата кршејќи го прозорецот и на тој начин ги спасил единствените преживеани. Ракажаа дека се’ се случило за неколку секунди.

„Беше доцна и сите спиеја. И јас спиев. Вереникот ме разбуди и го скрши стаклото. Потоа не видов… Тој слезе долу. Го слушнав неговиот глас“, раскажа Медина.

Таа има проблем со гласот по пожарот. Говорејќи тивко рече дека зад неа забележала човек кој ја згазнал и се обидувал да се спаси. Вели дека во тој миг успеала да стане и да скокне низ прозорецот. Потоа автобусот изгорел.

Брзата помош пристигнала по неколку минути, а двапати откако е хоспитализирана била оперирана.

Младата девојка раскажа и дека со Лулзим се свршиле оваа година и наскоро ќе прават свадба, а за време на престојот во Турција многу се забавувале.

Двајцата се меѓу седумте кои ја преживеаа несреќата. Во автобусот настрадаа 45 лица.

Share
Scroll to Top