СДСМ: Данела Арсовска е иста како Мицкоски, молчи за Груевски

пред 2 години

Данела Арсовска цел ден не одговора дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Никола Груевски, прашуваат од владејачкиот СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Данела е иста како Христијан Мицкоски, таа молчи за Груевски. Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски самиот објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, се посочува во писмената реакција од страна на партијата на власт.

Очигледно е, како што велат од таму, дека оваа партија и натаму е контролирана од Будимпешта, очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува, оценуваат од СДСМ, а неработењето и трошењето пари на партиски вработувања од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, според партијата на власт е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица.

Share
Scroll to Top