СДСМ до Мицкоски: Со  „Дрисла“ управува ВМРО-ДПМНЕ заеднички со ДУИ

СДСМ до Мицкоски: Со „Дрисла“ управува ВМРО-ДПМНЕ заеднички со ДУИ

пред 2 месеци

Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте „Дрисла“ и „Вардариште“, велат од СДСМ.

„Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на „Дрисла“, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/

Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на „Дрисла“, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент.
Со депонијата „Вардариште“ пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на „Вардариште“, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во „Дрисла““.

Денеска, додаваат од СДСМ, ништо од ова не е исполнето.

Според оваа партија, вперувањето на прстот кон други е признание на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата кон граѓаните туку не мрдна со прст и ги остави скопјани да се трујат.

Текстот СДСМ до Мицкоски: Со „Дрисла“ управува ВМРО-ДПМНЕ заеднички со ДУИ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top