„Наместо да се правдаат и напаѓаат ДПМНЕ и Силјановска нека одговорат дали Силјановска се согласува со изјавите на Ковачев за Гоце Делчев“, прашува СДСМ.
„Ковачев пред 5 години на Македонија и порача да признае дека Гоце Делчев е Бугарин и пак ќе сме се разбуделе живи и здрави. Дали се согласува со изјавата на Ковачев кој рече дека разбирал дека е тешко да се надмине децениски фалсификувана историја, исто пред 5 години?
Која изјава точно ја поттикнало Силјановска да се слика со Ковачев и истата да ја промовира во јавност.
Дали и сега можеби Силјановска се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?
ДПМНЕ може да се правдаат, објаснуваат и напаѓаат, но не можат да ја сокријат заедничката цел со Ковачев, а тоа е Македонија да се попречи на патот до конечен влез во ЕУ. И едната и другата страна преку Ковачев прават сѐ да ја закочат европската перспектива на државата“, се додава во соопштението на СДСМ.
Текстот „Се согласува ли Силјановска со Ковачев за неговите изјави за Гоце Делчев“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.