Села: Институциите да истражат каде е пратеникот и дали е безбеден

пред 3 години

Зијадин Села, пратеник и лидер на „Алијанса на Албанците“ очекува ситуацијата до вечер да се смени и сепак, како што рече, опозицијата да има мнозинство за да изгласа недоверба на Владата.

Тој посочи дека најважно е да се утврди каде е Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса, кој се огласи преку социјалните мрежи, но не се појави во живо.

Токму ова за Села е сомнително. Тој додаде: „Моите очекувања се пратениците да одлучат по своја волја и да не бидат уценети, ако се уценети“.

„Се надевам дека ќе се створат услови. Ова е доказ на тоа што го реков, денеска паѓа Владата и најпосле ќе се ослободат институциите. И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на ‘Фејсбук’, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте – пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив“.

Според Села, ако во Собранието се случуваат вакви работи, којзнае што се случува со граѓаните.

„Граѓаните мора да бидат безбедни. Другите работи се решаваат преку дијалог“, додаде тој.

Share
Scroll to Top