Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога

Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога

пред 8 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на конференцијата по повод 25-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН ,,Жени, мир и безбедност”.

Воден од разумот и дијалогот, наспроти силата и војната, според Сиљановска – Давкова, Советот за безбедност со Резолуцијата втемели нова перцепција за жените: од неми сведоци и жртви на насилството, тие станаа активни миротворки

Според претседателката, проблемот не се реши ниту до оваа, ниту со десетината други резолуции зашто жените и девојчињата сè уште се најчестите и најголемите жртви на војните.

,,Војната ги лишува женските суштества од човечкиот субјективитет, ги дехуманизира и инструментализира за воени цели”, истакна таа.

Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога.

Таа предупреди на неодржливоста на реалноста во којашто машката половина од човештвото поседува апсолутна моќ на одлучување за мирот и војната, а женската – никаква.

Сиљановска-Давкова смета дека е крајно време да сфатиме дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија и женски егоцентризам, туку хуманистички императив, бидејќи насилството и безбедноста не се женски, туку клучни општествени прашања.

Покрај претседателката, на настанот се обратија: Владо Мисајловски, министер за одбрана; Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women.

Издавањето поштенска марка во чест на 25-годишнината од Резолуцијата 1325 на ООН ,,Жени, мир и безбедност” манифестира висока демократска свест за важноста на активната улога на жените во мирот и безбедноста.

Текстот Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top