Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на сесијата посветена на 30 годишнината од Светската програма за млади, што се одржа во рамки на 80. Генерално собрание на ОН.
Таа укажа на потребата младите генерации да добијат заслужено место во оформувањето на иднината на Обединетите нации и ја потенцираше важноста на стратегијата Youth2030 како основа за активно, а не само симболично вклучување на младите во реформите на ОН на сите нивоа.
Учесниците на сесијата говореа на теми посветени на улогата на младите во глобалниот развој.
Се дискутираше за „Светската програма за акција за млади: забрзување на глобалниот напредок преку меѓугенерациска соработка“, како и за „Унапредување на спроведувањето на Светската програма за акција за млади со цел никој да не изостане“.
Текстот Сиљановска-Давкова во Њујорк: Младите мора да бидат наши партнери во реформирањето на ОН е превземен од МАКФАКС.