Скопјанец купувал половни телефони со лажни евра

пред 3 години

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И. (32) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела измама и фалсификување пари.

Како што информираат од МВР, пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31. март до 7. септември 2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек.

Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари.

Share
Scroll to Top