Скопјанец починал на пазарот во Чаир

пред 4 години

Во утринските часови на 11 април во скопската полиција било пријавено дека на пазарот во населба Чаир има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 63-годишниот Љ.К. од Скопје.

Екипа од итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top