Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени

пред 3 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Во следните два дена времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во среда ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток.

Текстот Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top