Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со народниот правобранител на Република Северна Македонија, Насер Зибери, по повод предавањето на годишниот извештај за работата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија за 2020 година. На средбата присуствуваше и заменичка на народниот правобранител, Сузана Салиу.
Во текот на средбата се разговараше за прашања од работата и надлежностите на Народниот правобранител и други актуелни состојби, прашања и активности. Народниот правобранител зборуваше за кадровските прашања во институцијата која ја претставува, за природата и бројот на поднесените претставки кои граѓаните ги доставуваат со намера на остварување и заштита на нивните граѓански права, како и за влијанието на пандемијата со Ковид-19 во природата на поднесените претставки и работата на институциите.
Претседателот Џафери изрази интерес за состојбите и содржината нагодишниот извештај на Народниот правобранител и информираше за работата на Собранието, за актуелните цели и активности.
На средбата се констатираше дека односот на институциите Народен правобранител и Собрание на Република Северна Македонија е добар, ефикасен и коректен. Во однос на годишниот извештај, претседателот Џафери истакна дека пратениците ќе бидат информирани навреме и следствено на тоа се очекува и отпочнување на собраниската процедура за разгледување на извештајот и усвојување на препораките што ќе произлезат од него.