Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно одвојување повеќе средства

Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно одвојување повеќе средства

пред 2 години

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, ја посети асфалтната база на Јавното претрпијатие за одржување на магистрланите и регионалните патишта („Македонијапат“) во Скопје, која до денеска беше единствено активна, а од денеска се почнува со работа и на асфалтните бази во Велес и Битола. Трајановски изврши увид и во асфалтирањето на делницата Желино – Јегуновце, а асфалтирање на поравнителниот асфалт се вршеше и на Р1102 кај Демир Капија.

При увидот тој потенцира дека не е важно само да се инвестира во патишта, туку исто така е важно и да се одржуваат. Одржувањето на патиштата како обврска е пренесено на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта („Македонијапат“), но поради неисполнети обврски од страна на претходното раководство на ЈП за државни патишта кон нив, односно поради префрлување средства само за зимско одржување и за плати, но не и средства за работа, не беа во состојба да ги почнат асфалтните бази, ниту да почнат со чистење на патиштата.

„Една од главните заложби на директорот на ЈППД, Коце Трајановски, со неговото стапување на функцијата беше да се почне со исплата на долгот кон ‘Македонијапат’ со цел да се овозможи почнувањето со чистење на патиштата и асфалтирање и санирање на оштетените делови.

Во таа насока се договори динамика на работење со „Македонијапат“, со што ја враќаме условно речено во живот за доброто на граѓаните и нивната безбедност како учесници во сообраќајот на магистралните и регионалните патишта. Во иднина ќе тежнееме кон зголемување на средствата за одржување на постојната патна мрежа“, се наведува во соопштението на Јавното претпријатие за државни патишта.

Текстот Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно одвојување повеќе средства е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top