На охридската улица „Винковачка“ полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје утрово го лишиле од слобода Г.С.(43) од Охрид.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 милиметри, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.
По целосно документирање на случајот против охриѓанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.