Уапсена 50-годишна скопјанка по која била распишана потерница

пред 3 години

Полициските службеници денеска уапсиле скопјанка по која била распишана централна потерница.

Како што информира ресорното министерство денеска во 11.50 часот на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и ЕВР Чаир, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода Л.Н.(50) од Скопје, по распишана централна потерница, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Во 12.10 часот лицето било предадено во Полициската станица Ѓорче Петров за спровод во Казнено-поправната установа Затвор – Идризово.

Share
Scroll to Top