Меѓутоа, помеѓу двата правни субјекти не постоел реален должничко-доверителски однос, а Х.О. сепак повел предлог за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на неверодостајна фактура.
Притоа го довел во заблуда извршителот Васко Блажевски, да донесе решение за извршување, врз основа на кое во 2019 година е спроведено неосновано извршување од банкарската сметка на АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје.
На тој начним ријавениот Х.О и неговиот правен субјект се стекнала со противправна имотна корист во износ од 16.605.000 денари, за кој износ ја оштетил компанијата АКТОР АДТ Грција – Подружница Скопје.
Со цел да се прикријат трагите од сторените кривични дела, пријавениот Х.О., во својство на управител на АТ-СИ ГРОУП ДООЕЛ Скопје, потпишал и со печат заверил поединечни договори за вршење на услуги со тројцата пријавени со иницијали С.З., Ж.З. и И.П. за наводно извршени услуги за превод, изработка на проекти и средување на документација.
Врз основа на ваквите договори на пријавените физички лица, без воопшто да извршат било какви услуги за потребите на неговата фирма, Х.О. во текот на 2019 година им префрлил дел од неосновано наплатените средства во износ од 5.830.965 денари, кои средства потоа од страна на пријавените физички лица се подигнати во готово.