Утрото студено, преку денот сончево со мала облачност

Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност

пред 4 часа

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.

Текстот Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top