Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата

пред 3 години

„Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена?“, прашуваат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Очигледно е дека ниту во Вашингтон, ниту во Анкара, ниту пак во Брисел сакаат за амбасадори лица кои на платен список имале над 800 лица кои фиктивно се воделе како вработени или вршители на разни дејности, само за да земат плата, а не доаѓале на работа. Никој не сака за амбасадор политичар кој договарал спорна бетонизација како таа на „ШИК Јелак“, со контроверзниот Миодраг Давидовиќ Дака“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваат, Ковачевски да не ја бламира државата, амбасадорските позиции, особено, како што велат, во држави наши стратешки партнери, каде според ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат заземени од дипломати со долго искуство.

Share
Scroll to Top